МАНУ
Редовно годишно собрание на МАНУ
22.02.2023 08:59
Обраќање ќе има претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев на тема „Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во 2022 година и предизвици на МАНУ и на земјава во претстојниот период, а пред сè во 2023 година“...

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе одржи редовно годишно собрание.
Како што е најавено, на седницата обраќање ќе има претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев на тема „Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во 2022 година и предизвици на МАНУ и на земјава во претстојниот период, а пред сè во 2023 година“.
Во тие рамки ќе бидат презентирани остварената работа на МАНУ во текот на минатата година, како и планираните активности на Академијата во 2023 година.
