Путин поништи важен декрет за Молдавија
Претседателот Владимир Путин го отповика указот од 2012 година со кој делумно се поддржува суверенитетот на Молдавија во решавањето на иднината на Придњестровје – сепаратистичкиот регион што се граничи со Украина, каде што Русија има трупи...

Претседателот Владимир Путин го отповика указот од 2012 година со кој делумно се поддржува суверенитетот на Молдавија во решавањето на иднината на Придњестровје – сепаратистичкиот регион што се граничи со Украина, каде што Русија има трупи. Според Кремљ, односите со Молдавија, која назначи прозападен премиер, се многу влошени и ја обвини за спроведување на антируска агенда. Во меѓувреме, највисокиот кинески дипломат Ванг Ји се сретна со рускиот шеф на безбедносната служба Николај Патрушев. Двајцата се согласиле дека мора да се поддржи мирот во азиско-пацифичкиот регион, а не менталитетот на Студена војна.
„Во западната кампања против Русија и Кина, особено е важно да се продлабочи руско-кинеската координација и соработка на меѓународната сцена. Приоритет на руската надворешна политика е насоката кон развојот на стратегиско партнерство со Кина“, изјави Николај Патрушев, шеф на Советот за национална безбедност на Русија.
„Кина сака да работи со Русија во согласност со договорите на највисоко ниво, силно да ги брани националните територии и интереси, да продолжи да ја поддржува соработката во разни области, заеднички да практикува вистински мултилатерализам, и да се спротивставува на сите форми на еднострана хегемонија заедно со истомислени нации“, изјави Ванг Ји, шеф на дипломатијата на Кина.
Ванг треба да одржи состаноци и со шефот на руската дипломатија Лавров, а можна е средба и со претседателот Путин. Според „Вол Стрит Журнал“, кинескиот претседател Си Ѓинпинг наскоро може да ја посети Русија.
