Белорусија

Се воведува смртна казна за „велепредавници“ во Белорусија

22.02.2023 09:58

Белорусија го проширува Кривичниот закон за да се воведе смртна казна за државни функционери и воени лица поради велепредавство...

Белорусија го проширува Кривичниот закон за да се воведе смртна казна за државни функционери и воени лица поради велепредавство.

Одредбата ја усвои Парламентот во Минск. Мерката е одговор на саботажата на железницата од белоруските активисти за да се спречи превоз на руските единици кои ја напаѓаат Украина.

Белорусија е последната европска земја во која се изрекува смртна казна.