Турција

Продолжува серијата потреси во Турција и Романија

22.02.2023 09:59

Тлото во Турција не се смирува. Земјотреси се регистрирани и по реактивирањето на спасувачките операции кои беа запрени по подолг период потрага по преживеани...

Тлото во Турција не се смирува. Земјотреси се регистрирани и по реактивирањето на спасувачките операции кои беа запрени по подолг период потрага по преживеани.

Пред две недели, јужните делови на Турција и северозападниот дел на Сирија беа погодени од два разорни земјотреси. И во Романија регистрирано зачестено сеизмичко движење.

Последниот потрес бил со јачина од 3,9 степени, на 10 километри од градот Таргу Зиу. Истото подрачје минатата недела беше погодено од серија умерени земјотреси, од кои некои беа почувствувани и низ цела Србија.