Ракомет

Еурофарм Пелистер поразен од Фуксе Берлин

22.02.2023 10:07

По девет одиграни кола, Е. Пелистер има шест бода и е четврти во групата Д, а во последното коло, што се игра наредниот вторник, битолчани пред своите гледачи ќе го пречекаат Мотор...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се поразени во претпоследното коло од групната фаза во Лигата на Европа со 34:25 на гостувањето кај Фуксе Берлин.

По девет одиграни кола, Е. Пелистер има шест бода и е четврти во групата Д, а во последното коло, што се игра наредниот вторник, битолчани пред своите гледачи ќе го пречекаат Мотор, во одлучувачкиот меч за четвртата позиција. Мотор е петти на табелата со еден бод помалку од Е. Пелистер.

Битолчани добро го започнаа натпреварот, имаа водство од 2:4, но тоа беше знак за фаворитот да ја преземе иницијативата и со подобра игра и во одбраната и во нападот до паузата да создаде предност од шест гола (18:12).