Русија

Шест лица загинаа во пожар во хотел во Москва

22.02.2023 10:10

Шест лица, меѓу кои две деца, загинаа во пожар во хотел во Москва, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации...

Шест лица, меѓу кои две деца, загинаа во пожар во хотел во Москва, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Во инцидентот се повредени уште девет други лица, а над 200 се евакуирани. Пламените јазици се прошириле на површина од 100 метри квадратни. За сега нема информации за причините за пожарот.