Кина со остра критика за посетата на американскиот функционер во Тајван
Од Министерството за одбрана велат, напорите за зајакнување на независноста на островот со странска помош се осудени на неуспех...

Кина со остра критика за посетата на Тајван, од страна на висок американски функционер на Пентагон. Од Министерството за одбрана велат, напорите за зајакнување на независноста на островот со странска помош се осудени на неуспех.
„Се спротивставуваме на каква било форма на официјална интеракција и воена соработка меѓу Соединетите Држави и Тајван. Секој ентитет што ќе го наруши суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина ќе биде строго казнет“, изјави Жу Фенглијан-портпарол на Државниот совет на Кина.
Тензиите меѓу САД и Кина се зголемија минатиот месец кога Вашингтон, го обвини Пекинг дека испратил шпионски балон и го соборил над источниот брег на САД.
