Во катастрофалните земјотреси 1,5 милиони луѓе во Турција се бездомници
1,5 милиони луѓе во Турција се бездомници по катастрофата од земјотресот, во северозападна Сирија пак, пристигнале 227 камиони со основни медицински средства...

1,5 милиони луѓе во Турција се бездомници по катастрофата од земјотресот, предупредуваат од ООН. Во северозападна Сирија пак, 227 камиони со основни медицински средства, пристигнале преку двата отворени гранични премина.
„Ова е очигледно најголемата катастрофа во историјата на Турција и можеби најголемата природна катастрофа со која се соочила земјата“, изјави Луиза Винтон-постојан претставник на Турција, УНДП.
„55 здравствени установи се оштетени, од кои неколку целосно уништени. Покрај залихите што ги дистрибуиравме кои веќе беа во Сирија, префрливме близу 100 тони преку границата од Турција“, изјави Д-р Кетрин Смолвуд-менаџер за инциденти со земјотреси, СЗО/Европа.
Во катастрофалните земјотреси што ја погодија Турција и Сирија и афтершоковите загинаа над 45 илјади луѓе. Земјите од Г-7 соопштија дека работат на обезбедување помош за настраданите.
