Венеција
Каналите во Венеција се речиси пресушени
22.02.2023 11:36
Ниското ниво на морето придружено со антициклон со зголемен атмосферски притисок, е виновно за пресушување на некои канали во Венеција...

Ниското ниво на морето придружено со антициклон со зголемен атмосферски притисок, е виновно за пресушување на некои канали во Венеција.
Заглавените гондоли беа невообичаена глетка за туристите, а јавниот транспорт мораше да ги измени рутите за да ги избегне плитките канали. Од центарот за предвидување на порастот на морското ниво, велат дека овој феномен е вообичаен за овој период од годината.
