пресуда

Ослободителна пресуда за Бошкоски за случајот „Кампања“

22.02.2023 13:57

Љубе Бошкоски задоволен излезе од судницата. Во повторениот процес за случајот со незаконското финансирање на кампањата за изборите во 2011 година доби ослободителна пресуда...

Љубе Бошкоски задоволен излезе од судницата. Во повторениот процес за случајот со незаконското финансирање на кампањата за изборите во 2011 година, доби ослободителна пресуда. Обвинителот не докажа, дека зел пари од лице од странство, стои во првостепената пресуда.

Бошкоски смета дека е можеби единствениот човек на Балканот, кој поминал 11 години по домашни и меѓународни затвори, но на крајот излегол како победник.

Лидерот на Обединети за Македонија, беше уапсен на 6 јуни 2011-та, ден по завршување на парламентарните избори. Во 2014-тата доби 5 години затвор, по што поднесе тужба до Европскиот суд за човекови права. Судот во Стразбур, во 2020-тата пресуди дека му биле прекршени правата на фер судење, а една година подоцна процесот одново отпочна во домашните судови.

 

Анита Димитријевска Велковска