Македонија

За натамошен успех на Гаранцијата за млади неопходна е поголема активација на невработените млади лица

22.02.2023 14:35

Северна Македонија е предводник меѓу државите од Западен Балкан во спроведување на рамката на политики Гаранција за млади, која овозможува младите лица до 29 години кои не се вработени, да се вклучат во некоја од активните програми за вработување...

Со „Гаранција за млади“ досега опфатени над 80 илјади лица, околу 40 проценти од нив добиле понуда за вработување. Главен приоритети е намалување на младинската невработеност, истакна министерката за труд и социјална политика Тренчевска. Има видно подобрување на состојбите со вработувањето на младите, но неопходна е поголема активација на невработените млади лица и теренска работа – велат надлежните.

Гаранцијата за млади повеќе од осум години успешно се спроведува ширум Европската унија.

„Гаранцијата за млади се покажа како суштинска алатка за задоволување на потребите на младите луѓе, особено оние кои не се во образование, вработување или обука и оние кои се особено ранливи. Младите луѓе природно бараат да играат посилна улога во обликувањето на општеството и во обликувањето на нашите економии, не утре туку денес“, изјави Дејвид Гир, амбасадор на Европската унија.

Во нашата земја Гаранцијата за млади, како дел од европските носечки иницијативи, се имплементира од 2018 година.

 

 

 

Ана Јосифоска Тодоровска