Академците на годишно собрание
Договорите со Грција и Бугарија се нашата најголема траума и тие ќе значат крај на македонската историја, став на претседателот на МАНУ. Коцарев ги повика пратениците едногласно да речат „не“ на уставните измени...

Политичките пазарења, неспособните, сервилните и неуки политичари, доведоа до уништување на интелектуалната мисла, рече Коцарев на редовното годишното собрание на МАНУ.
Коцарев вели, наместо власта да им помогне и да им понуди решение тој тврди дека таа со сите сили настојува да ја задуши, оневозможи и омаловажи работата на МАНУ. Според првиот академик договорите со Грција и Бугарија се нашата најголема траума и тие ќе значат крај на македонската историја,тие се важечки за меѓународната заедница и преку нив се отсликува суштинскиот карактер на билатералните протоколи со Бугарија,па потоа како што вели Коцарев ние ќе бидеме народ без македонски индентитет, без историја и ќе зборуваме на бугарски дијалект кои по 1945-та се именувал како македонски јазик.
Претседателот на МАНУ ги повика пратениците едногласно да речат „не“ на уставните измени и оваа година да биде почеток на борбата за правото на самоопределување на македонскиот народ во меѓународната заедница. Коцарев, се согласува дека Македонија треба да чекори по европскиот пат бидејќи е единствениот пат кој нуди економски напредок, благосостојба за граѓаните и сигурност за државата.
Александра Максимовска
