Реновиран центарот за дијабетес во Клиничкиот комплекс
Центарот доби поголем простор, а од наредната година за ќе се применува нова тенкоиглена биопсија на тироидна и паратироидна жлезда.

Центарот за дијабетес во склоп на клиниката за ендокринологија во скопскиот клиничкиот центар е преместен во целосна реконструирана барака до Детската клиника.
,,Министерството за здравство вложи 2,5 милиони денари за нов кров, подови, фасада, обнова на кабинетите, тоалетите, има нови шалтери и поголеми чекални.“-рече министерот за здравство Никола Тодоров.
Сега по 120 дијабетичари колку е што е дневната фреквенција без турканици можат да ги завршат сите прегледи во повеќе специјалистички амбуланти, за дијабетично стапало, за очни прегледи, за дебелина, за адолесценти и др. Освен рутинските прегледи, превенцијата, советувањата и терпијата научните истражувања се важен сегмент.
,,Истражувањата во нашиот центар за дијабетес се на рамниште на Американската ,,Мајо клиника“- рече директорката на Клиниката за ендокринологија проф.д-р Славица Шубеска-Страткова
Овде годишно се вршат од 18 илјади до 25 илјади прегледи. Порано работевме во многу полоши услови и сега за прв пат по многу години и многу сменети министри добивме пристојни услови за работа за нас и за пациентите“-рече директорката Шубеска-Страткова.
Специјалисти од Клиниката за ендокринологија во текот на оваа година ќе се обучуваат, а наредната ќе применуваат нова медицинска метода, односно тенкоиглена биопсија на тироидна и паратироидна жлезда-најави министерот Тодоров.
За жал бројот на дијабетичари се зголемува, особено кај деца, кај кои се застапени и двата типа 1 и 2. Лошите животни навики, несоодветна исхрана, физичка неактивност ,стрес , несоодветено време за спиење, се ризик фактори за шеќерна болест. Во Македонија има 150 илјади заболени од кои 50 илјади примаат инсулин, а многумина и не знаат дека имаат покачен шеќер во крвта. Неконтрилираниот шеќер ги оштетува крвните садови, што пак доведува до кардиовсакуларни заболувања и гангрена на стапалата, проблеми со видот и др компликации. Во Македонија се прават превентивни контроли на различни популациони групи за рано откривање на дијабетот. Има доволно достапни лекови и инсулинска терапија.
Соња Стојановска
