Џафери: И моето дете има право да конкурира и да биде примено на работа
Спикерот Џафери со реакција на критиките во јавноста за изборот на неговиот син за обвинител. Вели-антикорупциска нема покренато постапка. И моето дете има право да конкурира и да биде примено на работа. Реагираат од Беса. Според нив судската власт и понатаму е заробена од владејачките политички партии СДСМ-ДУИ...

Името на Барлет Џафери се најде на списокот на Академијата за можен избор за идни судии и обвинители. Во јавноста имаше остри реакции зашто на листата покрај него имало блиски роднини на политичари, на актуелни или сегашни судии и обвинители. Државната комисија за спречување корупција објави дека синот на собранискиот спикер се здобил со право да полага правосуден испит во 2015 година, иако сè уште не бил дипломиран.
Со реакција на овие написи се јави претседателот на Собранието Џафери. Вели дека комисијата ја запрела постапката и утврдила дека неговиот син не извршил злоупотреба.
Јас сум свесен дека моето семејство е на удар на јавноста поради функцијата што ја извршувам. Сензацијата секогаш е поголема кога станува збор за дете на висок функционер. Но, како и сите други, и моето дете има право да ги користи сите права, да конкурира и да биде примен на работа, изјави спикерот Талат.
Движењето Беса реагира на изјавата на спикиерот на Парламентот во однос на вработувањето на неговиот син.
Актуелниот претседател на основниот Кривичен суд, Иван Џолев за овој случај изјави дека прво да видат кои од нив ќе бидат избрани за судии и обвинители и на кои позиции, како ќе работат и потоа, како што додаде евентуално, може да се коментира.
Игор Панов
