Јубилеј 55 години Светска галерија на карикатури
Во Чифте амам при Националната галерија на Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски се обрати на отворањето на изложбата на 54-та Светска галерија на карикатури – Скопје 2022 и на Остен биенале на цртеж Скопје 2022...

Во Чифте амам при Националната галерија на Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски се обрати на отворањето на изложбата на 54-та Светска галерија на карикатури – Скопје 2022 и на Остен биенале на цртеж Скопје 2022.
На изложбата на 54-та Светска галерија на карикатури – Скопје 2022 се поставени дела на наградените и селектираните карикатуристи, додека на Остен биенале на цртеж Скопје 2022, на кое учествувале 336 уметници од 52 земји со 1056 дела изложени се дела на наградени и селектирани уметници. На настанот беа доделени наградите за најуспешните автори, како и признанија на партнери и соработници на „Остен“.
Пендаровски утре во претседателскиот кабинет ќе приреди прием за меѓународните учесници на 54-та Светска галерија на карикатури – Скопје 2022 и на Остен биенале на цртеж Скопје 2022, а во претседателскиот кабинет ќе биде поставена изложба на најуспешните карикатури од досегашните 54 изданија на Светската галерија на карикатури.
