Таџикистан
Силен земјотрес го погоди Таџикистан
23.02.2023 08:35
Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Таџикистан...

Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Таџикистан.
Земјотресот се случил во 8 часот и 37 минути по локално време, на длабочина од 10 километри.
Земјотресот е регистриран на оддалеченост од околу 80 километри од границата со Кина, а силно е почувствуван во одредени области во кинеската област Ксинџијанг, вклучително и во Кашгар.
Освен во Кина, овој силен земјотрес беше почувствуван и во Пакистан, Узбекистан, Авганистан и Кина.
