САД

Снежна бура во САД, температури до -45 степени

23.02.2023 09:41

Околу 75 милиони луѓе во 29 држави, се под предупредување за зимско време, додека делови од источниот дел на САД ќе доживеат рекордно високи температури..

Околу 75 милиони луѓе во 29 држави, се под предупредување за зимско време, додека делови од источниот дел на САД ќе доживеат рекордно високи температури.

Фирми и училишта се затворени во Дакота, Минесота и Висконсин, а околу 5.000 летови се откажани.

Метеоролозите предупредуваат на ветер чија брзина ќе достигне 80 km/h, поради што температурите би можеле да паднат и до -45 целзиусови степени. Во делови на истокот пак, температурите би можеле да достигнат 32 целзиусови степени, а во Луизијана, Њу Орлеанс до 29 степени.