Русија
Русија: Украина планира да ја нападне Транснистрија
23.02.2023 09:52
Руското Министерство за одбрана, ја обвини Украина дека планира да изврши инвазија на отцепениот проруски регион во Молдавија, Транснистрија...

Руското Министерство за одбрана, ја обвини Украина дека планира да изврши инвазија на отцепениот проруски регион во Молдавија, Транснистрија. Руската новинска агенција РИА, јави дека Украина планира да организира напад од наводни руски сили од Транснистрија како изговор за инвазијата.
Кремљ, неодамна потврди дека руските односи со Молдавија се многу тензични и ја обвини земјата дека спроведува противруска агенда.
