Формула 1
Почнаа тестирањата за трката во Бахреин
23.02.2023 10:44
Шампионатот во Формула 1, почнува на 5 март со трката за големата награда на Бахреин. Тестирањата пред почетокот на новата сезона почнаа во Бахреин...

Шампионатот во Формула 1, почнува на 5 март со трката за големата награда на Бахреин. Тестирањата пред почетокот на новата сезона почнаа во Бахреин, каде што ќе се одржи првата трка од шампионатот.
Возачите ќе имаат три дена за да ги тестираат болидите, а програмата е поделена на два дела и тоа од 8 до 12 часот, како и од 13 до 17.30 часот.
Секој тим може во одреден дел од тестирањата на патеката да има еден болид, па така на првиот ден за екипата на Ред Бул ќе вози само светскиот првак Макс Ферстапен.
