Ракомет
Елена Ливриниќ објави крај на играчката кариера
23.02.2023 11:07
Македонската ракометарка Елена Ливриниќ, преку социјалните мрежи објави крај на играчката кариера...

Македонската ракометарка Елена Ливриниќ, преку социјалните мрежи објави крај на играчката кариера. Средниот бек ги бранеше боите на најдобрата македонска женска ракометна репрезентација.
Професионалната клупска кариера ја започна во редовите на ЖРК Металург, а во 2016 година го имаше и првиот интернационален предизвик кога го облече дресот на романскиот клуб Данубиус Галаци. Во Романија настапуваше уште за неколку клубови како Рапид Букурешт, Глорија Бузау, Слатина и Дева.
А минатата година се пресели во Унгарија потпишувајќи за тимот на Сомбатељ.
