Израел
Израел изврши ракетни напади врз Појасот Газа
23.02.2023 11:23
Израелските сили извеле напади врз Појасот Газа, откако беа истрелани ракети од областа, еден ден по рацијата во градот Наблус...

Израелските сили извеле напади врз Појасот Газа, откако беа истрелани ракети од областа, еден ден по рацијата во градот Наблус, во која во судирите загинаа 11 палестинци, а повеќе од 100 беа ранети. Се слушнале експлозии во Газа, а војската соопшти дека погодила цели во Газа, без да даде повеќе детали.
Израелските војници, во средата убиле 11 палестинци, меѓу кои најмалку четворица вооружени лица и четворица цивили, а раниле повеќе од 100 луѓе.
