Здравство

Системот на ФЗО профункционира

23.02.2023 12:27

Системот на Фондот профункционира целосно, пациентите можат без проблем да добиваат здравствени услуги. Лекарите велат дека изминативе две недели биле тешки и за нив и за пациентите кои лековите, лабораториските испитувања морале да ги плаќаат од џеб...

Од вчера и официјално проработи системот на Фондот за здравство, лекарите велат може да ги извршуваат истите функции како и пред хакерскиот напад. Во тој период најголем проблем имало со бебињата, не можеле да ги пријават во системот, лекарите не ги враќале ги прегледувале, но сите испитувања по лаборатории морале да си ги платат родителите.

Најголем удар во овие две недели бил со пацинетите кои имале потреба од продолжување на боледувањата. Сите тие документи издадени рачно ќе мора да се евидентираат во Фондот.

Фреквенцијата на деца во амбулантите кај педијатрите не стивнува. Најактуелни проблемите со респираторниот систем, но има и стомачни вируси. Доктор Марковска вели топлото време ни годи и нам и на вирусите. Немаше студ и снег да ги уништи. За среќа се најавува пад на температурите кое ќе го одложи цветењето на растенијата и тоа ќе го одложи проблемот на децата со алергии.

 

 

 

 

Наташа Јанчиќ Менковски