Филмови од Прватска светска војна на ФИАФ

05.05.2014 16:47

Во наредните 5 дена ќе бидат прикажани филмови од 22 кинотеки кои го обработуваат периодот на Првата светска војна...

Снимки стари 100 години од Првата светска војна за прв пат ќе се прикажуваат во Македонија – земјава е домаќин на 70 – от конгрес на филмските архиви на кој ќе присуствуваат 200 кинематографи од целиот свет.

„Ова е ретка можност  да се промовира кинематографско наследство пред светот, но и да се разменат искуства“ вели министерката за култура.

„70-от јубилеен конгерс на ФИАФ ќе биде извонредна можност нашите гости, 200-те делегати од 80 кинотеки и филмски архиви од целиот свет, да ги презентираат своите визии за унапредувањето на заштитата на аудио-визуелното наследство“, изјави министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска.

Да се видат ретките снимки, предизвик и за гостите.

„Доаѓањето во Македонија за мене и за сите филмаџии кои прв пат доаѓаат во вашата земја, беше возбудливо, бидејќи никогаш не сум била тука. Да се видат снимките од материјал кој е стар 100 години, да се изнаоѓаат начини како тоа да се сочува, но и да се дигитализира, претставува огромен предизвик за нас“, вели Мег Лабрум- главен кустос во австралискиот филмски архив.

Програмата почнува со филмот „Човекот од слама“. Во наредните 5 дена ќе бидат прикажани филмови од 22 кинотеки кои го обработуваат периодот на Првата светска војна.

 

Александра Перевска