Министерство за транспорт и врски

Распределување на 16 социјални станови во општина Демир Капија

23.02.2023 13:36

Оглас за распределување на 16 социјални станови во општина Демир Капија изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Северна Македонија.

Барање за добивање на социјален стан за користење под закуп може да поднесе лице:

-државјанин на Република Северна Македонија;
-со постојано место на живеење во општината каде е изграден социјалниот стан и
-без стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на Република Северна Македонија.

Корисници на социјални станови може да бидат следните категории на граѓани кои се станбено необезбедени:

1. Деца без родители или родителска грижа – лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители.
2. Корисници на правото на гарантирана минимална помош.
3. Лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта.
4. Лица со попреченост и семејства со лица со попреченост.
5. Лица припадници на Ромската заедница социјално загрозени согласно Стратегијата за Ромите на Република Северна Македонија.
6. Самохрани родители со малолетни деца.

Посебните критериуми за добивање на социјален стан можат да се видат на јавниот оглас објавен на веб страницата на Министерството за транспорт и врски www.mtc.gov.mk, како и во Центарот за социјални работи во Неготино.

 

 

Министерство за транспорт и врски