Корупција

ДКСК: Треба да се внимава по кои судови и обвинителства ќе бидат распоредени новите кадри за да нема судир на интереси

23.02.2023 13:37

Да се внимава каде ќе бидат распределени новите кадри од Aкадемијата за судии и обвинители за да нема судир на интереси-апелира претседателката на антикорупција. Според неа иако е тешко да се искорени влијанието, може да се намали...

Треба да се внимава по кои судови и обвинителства ќе бидат распоредени новите кадри од Академијата за да не бидат во близина на свои блиски луѓе, апелира првата антикорупционерка Ивановска. Таа смета дека на овој начин, колку – толку ќе се намали влијанието, иако, според неа многу е тешко да се искорени.

Антикорупционерите апелираат дека е важно да се донесе Законот за потекло на имот. Наскоро ќе профункционира софтверското решение, со кое во реално време ќе можат да ги споредуваат податоците од анкетните листови на функционерите со евиденцијата на институциите.

Дали корупцијата во земјава ќе се намали, не може да се претпостави, но таа зависи од повеќе фактори, велат познавачите.

Според Поповиќ, влијание врз борбата против корупцијата ќе има и евентуалната разрешница на војната во Украина, економското опоравување, миграцијата на работната сила, но и дали фокусот на ЕУ ќе биде проширувањето.

 

 

Анита Димитријевска Велковска