Куманово

Водата во кумановската пречистителна станица со црвена боја

23.02.2023 14:43

Црвена боја на водата во пречистителната станица во Куманово. Инспекторите утврдуваат која е причината. По анализите констатирано дека нема отстапувања, концентрациите се во нормала. Наложени вонредни надзори кај правните субјекти, кои произведуваат бои и други инсталации.

Црвена боја на водата во пречистителната станица во Куманово. Инспекторите утврдуваат која е причината. По анализите констатирано дека нема отстапувања, концентрациите се во нормала. Наложени вонредни надзори кај правните субјекти, кои произведуваат бои и други инсталации.

Водата во кумановската пречистителна станица доби црвена боја. Одговорните лица од јавното претпријатие „Водовод“ веднаш го известиле државниот и општинскиот инспекторат за животна средина. Земени се мостри. По направената анализа утврдено е дека во станицата влегла отпадна вода со непознат карактер. Констатирано е дека нема остапувања, концентрациите се во нормала, иако водата е обоена.

„Сето тоа ни прави големи промени во прочистување на отпадна вода со што трошиме поголема електрична енергија, одзема дополнително време и прави штета за микроорганизмите, кои параметри од отпадната влезна вода ги користат како храна“, вели Габриела Белчевска, м-р по технички науки, помошник раководител на Пречистителна станица за отпадни води Куманово.

Државниот инспекторат за животна средина по извршениот надзор даде упатства да се проверат главните фекални шахти. Овластениот инспекторат да изврши вонредни надзори и кај правните субјекти, кои произведуваат бои и други инсталации, кои можат да предизвикаат обојување на отпадните води.

„Во момент кога ќе се забележи таква појава екипите од ЈП Водовод да излезат веднаш на терен да ги проверат влезните шахти во главниот колектор за да се дефинира локација од каде би можело да дојде и да поведеме инспекциска постапка. Ние како општински инспектор за животна средина ќе преземеме поинтензивни редовни надзори над правните субјекти со цел да спречиме евентуално некакво испуштање“, рече Бобан Бојковски, овластен инспектор за животна средина при Општина Куманово.

Освен во Куманово испуштање на масла во отпадни води биле евидентирани и во Кочани. Од станицата уверуваат дека водата која влегува во кумановка е согласно правилникот за законот за води и поволна за живиот свет.

 

 

Елена Георгиевска