Влада

Ковачевски: Го зголемуваме домашното производство на храна, тутунот има историски највисока откупна цена, лидер сме во искористеноста на ИПАРД

23.02.2023 16:17

На седницата за пратенички прашања во Парламентот, Ковачевски посочи на конкретните придобивки од преземените мерки во областа на земјоделството, посебно во услови на светската економска криза и на побарувачка на храна и соопшти дека земјоделството е еден од врвните приоритети во владините политики...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на седницата за пратенички прашања во Парламентот посочи на конкретните придобивки од преземените мерки во областа на земјоделството, посебно во услови на светската економска криза и на побарувачка на храна и соопшти дека земјоделството е еден од врвните приоритети во владините политики.

Како дополнителни мерки за стимулација на домашното производство на храна и на земјоделците, премиерот посочи дека се ставени на располагање над 14.000 хектари земјоделско земјиште за производство на житни култури, за производство на сточна храна и за подигнување на долгогодишни насади, а најголем успех е постигнат кај производството на сончоглед.

Претседателот на Владата, Ковачевски, посебно го нагласи новиот модел во субвенционирањето на земјоделците, што ќе започне со примена оваа година, како системско решение.
Тој рече дека оваа 2023 година го имаме најголемиот земјоделски буџет досега, вреден околу 12 милијарди денари, којшто е поставен на пет клучни столбови: реформа во земјоделството и нов модел на субвенционирање, фокус на малите производители, капитални водостопански инвестиции, зелена транзиција и модернизација на земјоделското производство, што значи над 200 милиона евра за земјоделците.
Посебно беше посочено на одличната реколта со тутунот.

Премиерот најави повеќе инвестиции во земјоделството, а посебно ги посочи резултатите од ИПАРД програмата.