Пратенички прашања во Собранието
Во Собранието седница за пратенички прашања. Жестоки зборови разменија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Имаше обвинувања за криминал, закани за тужби. Опозиционерите прашуваа за имотот на блиските луѓе на вицепремиерот Груби, тој прстот го впери кон ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Ковачевски вели – паднаа во вода лагите и тврдењата за ново парламентарно мнозинство...

Меѓупартиски обвинувања, но и лични навреди на пратеничките прашања, кој во земјава ја измислил корупцијата и која политичка елита повеќе крадела. Опозицијата со директно прашање за тендерите и зделките кои ги правеле блиски луѓе на првиот заменик во Владата. Додека народот гладува, блиските околу Груби се богатат – рече Миле Лефков од собраниската говорница.
Крадецот мисли дека сите се крадци - реплицираше Груби, кој го повика Јавното обвинителство да ги истражи сите функционери од ДУИ за да се види дека правилно работеле.
Премиерот Ковачевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ единствено знае да продуцира лажни вести и дека покрај нивното барање за предвремени избори тие ќе се случат во редовниот термин.
Одлика на пратеничките прашање е тоа што беше одземено поголем дел од времето за образложение на пратениците од власта за добиени писмени одговори од минатите собраниски седници.
Миле Ристески
