Временска прогноза
Променливо облачно со појава на слаб дожд
24.02.2023 08:24
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, утринската температура ќе биде до 2 степени, а дневната до 18 степени...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со појава на слаб локален дожд претежно претпладне во источните делови, најавува УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, утринската температура ќе биде до 2 степени, а дневната до 18 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб ветер од јужен правец и температура до 17 степени.
