Зголемениот водостој на Вардар- закана за велешките земјоделци

05.05.2014 17:02

Надојдените води на Вардар во Велес ги полплавија најниските ниви во месноста Речани. Ако временските услови не се подобрат, тогаш под вода може да биде целото поле. Земјоделците наместо на нивите денеска беа покрај реката.

„Ако дојде одозгора Вардар пред едно 100 мтеи нагоре ќе поплави се ова надоле, сега е малку поплавено но ќе поплави се“, рече Звонко Андреевски, земјоделец.

Зголемениот водостој штетно ќе се одрази на рибниот фонд.

„Во случајов мресот е запран, ќе се чека стоплување на времето, намалување на реките и потоа како ќе се изврши мрестот  тоа веќе сосема поинаква работа од она што ние можеме да го предвидеме“, изјави Лазар Лазаревски, СРД Бабуна.

Според информациите од Центарот за управување со кризи околу пладне нивото на реката Вардар во Велес започна да опаѓа. Со тоа времено е надмината опасноста од поплави во пошироки размери.

Нивото на водата опадна и во Брегалница. Во споредба со вчера изутрината таа е со понизок водостој за 26 сантимети. Засега реката е во речното корито, но за секој случај општина Штип обезбеди 1.000 вреќи со песок.

Дијана Иванова