Влада

Ковачевски на презентација на новата втора инвестиција на германската компанија „Гересхајмер“

24.02.2023 08:37

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на настан по повод презентацијата на новата втора инвестиција на германската компанија „Гересхајмер“ во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ-2)...

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на настан по повод презентацијата на новата втора инвестиција на германската компанија „Гересхајмер“ во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ-2), информираат од Владата.

На настанот ќе присуствува и министерот за економија Крешник Бектеши, а по обиколката на производството, обраќања и презентација за новата инвестицијата ќе имаат и Оливер Бургел, потпретседател на „Гересхајмер“, заменик амбасадорот на Германија во земјава Ото Граф, како и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.