Битиќи ќе учествува на конференцијата „Јавните геопросторни податоци-основа за одржливо општество“
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, во улога на претседавач со Советот за Национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП) ќе има свое обраќање на конференцијата „Јавните геопросторни податоци-основа за одржливо општество“...

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, во улога на претседавач со Советот за Национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП) ќе има свое обраќање на конференцијата „Јавните геопросторни податоци-основа за одржливо општество“.
На конференцијата, како што информираат од кабинетот на вицепремиерот Битиќи, учествуваат претставници од Катастарот на Кралството Шведска, претставници од Агенцијата за катастар на недвижности и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.
