МВР

206 санкционирани возачи во Скопје: 59 за брзо возење

24.02.2023 09:31

На територија на град Скопје изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден, продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за возење под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.