Турција

Во Турција за еден час регистрирани 5 земјотреси

24.02.2023 09:47

Дури пет земјотреси се регистрирани изутрината во Турција, за само еден час. Првиот и најсилен земјотрес бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, по што следеле серија послаби земјотреси...

Дури пет земјотреси се регистрирани изутрината во Турција, за само еден час. Првиот и најсилен земјотрес бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, по што следеле серија послаби земјотреси.

Земјата беше погодена од два разорни земјотреси на 6-ти февруари, кои однесоа повеќе од 50.000 животи во Турција и соседна Сирија.

Илјадници згради беа срамнети со земја, а сега е во тек уривањето на тешко оштетените објекти.