Македонија со трет најголем раст во Европа

05.05.2014 17:04

Македонија и понатаму останува ниско задолжена држава со 36,0 % , во однос на европскиот просек од 88 отсто оценуваат од ЕУ. Според последната еконмска прогноза – нашата држава е на високото трето место со најголем раст на БДП во Европа...

Македонија минатата година имала трет најголем раст на Бруто-домашниот производ во Европа со 3,1 процент. Пред нас се само Романија и Литванија, додека пак целата Европска Унија имала раст  0,1 процент– ова е наведено  во пролетната економска прогноза на Европската комисија.

Според проектираниот раст за тековната година се предвидува дека нашата држава ќе го завземе четвртото место со раст на БДП од 3 проценти. За остантите земји од Унијата и Еврозоната, се прогнозира дека дури догодина ќе излезат од рецесијата и  ќе започне позитивниот  тренд на зголемување на БДП.

„Опоравувањето веќе зема замав, вклучувајки ги и ранливите држави. Политките спроведени во последните години вродија со плод. Инвестициите растат, иако невработеноста остана висока во многу земји, пазарот на трудот се стабилизира и ние очекуваме подобрување во следните две години“, вели Сим Калас в.д. комесар за економски прашања и монетарна политика на ЕУ.

Економското закрепнување во Македонија според Европската Комисија се должи на проширување на производсвениот процес особено во градежниот сектор, стабилен раст на извозот како и на јавните и директнитте странски инвестиции. Комисијата констатира и дека вработувањата значително сезголемиле во 2013 година, за дури 4,3 проценти во споредба со претходната.

Сепак, во оваа  пролетна економска прогноза, ЕК предупредува дека трговскиот биланс и тековната сметка повторно се влошила, а буџетскиот дефицит на Владата за 2013 година е за малку надминат од предвидениот , и изнесува 4,1 процент од БДП.

Во однос на јавниот долг, иако е забележана тенденција на зголемување во Македонија, па од ланските 36,0 проценти на БДП, годинава се очекува да се зголеми на 38,7 отсто, тоа е далеку од дозволениот минимум на задолженост на Европската Унија. Тоа практично значи дека Македонија останува една од ретките ниско задолжени држави, ако се земе в предвид европскиот просек на земјите членки кои изнесува 88.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ