МВР

Дојави за бомби во 16 училишта во Скопје и една во Прилеп

24.02.2023 11:19

Дојавите за бомби во училиштата не изостанаа ниту денеска. До 9:30 часот во Министерството за внатрешни работи (МВР) е пријавено дека закани се пристигнати во 16 училишта во Скопје и во едно училиште во Прилеп...

Дојавите за бомби во училиштата не изостанаа ниту денеска. До 9:30 часот во Министерството за внатрешни работи (МВР) е пријавено дека закани се пристигнати во 16 училишта во Скопје и во едно училиште во Прилеп.

„Денеска до 09:30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 16 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР.

За учениците да не губат настава, Министерството за образование и наука вчера им препорача на училиштата кога ќе добијат закана за бомба да организираат онлајн настава.