Тенис
Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Рио
24.02.2023 11:47
Вториот тенисер во светот Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Рио де Жанеиро, победувајќи го Фабио Фоњини во три сета...

Вториот тенисер во светот Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Рио де Жанеиро, победувајќи го Фабио Фоњини во три сета (6-7, 6-2, 6-4).
Шпанецот подобро го отвори мечот и со брејк на стартот стигна до 3-0. Сепак, Фоњини со ри-брејк се врати во игра, но Алкараз успеа уште еднаш да му го одземе сервис на ривалот.
Искусниот Италијанец одново имаше одговор и повторно израмни, па сетот замина во тајбрејк, во кој поуспешен беше Италијанецот со 7-5.
