Светски економски форум: Скок за 10 позиции во технолошкиот развој

05.05.2014 17:19

Скок за 10 позиции на глобално ниво. Македонија е рангирана на 57- мото место од 144 земји во светот според технолошкиот развој. Процедурите и времето за стартување бизнис во комбинација со најниски даноци со најголемо влијание врз 54 – те индикатори што го мерат телекомуникацискиот систем. Високи оценки според Светскиот економски форум за достапноста на интернет , неговото користење за бизнис потреби, посветеност на владата во инвестиции  и промоција на инфрорматичкиот сектор... Напредок од над дваесетина места. 
 
„Имаме голем напредок во влијание на инфроматички технолигии во нови услуги и продукти кои се отвораа во државава најголем напредок за 29 позиции и сега Македонија се наоѓа 81 место, во позиција за користење на ИКТ од страна на владини институции Македонија е најдобро рангирана и се наоѓа на 36-то место што е скок за 27 места. Овие индикатори се потврда за владината политика што е направена за примена на информатучки технологии и автоматизација на администрацијата за напоредок и економскиот и на социјалниот стандард на граѓаните на Република Македонија“, вели Иво Ивановски – министер за информатичко општество и администрација кој е на завршниот состанок на Независниот панел за глобалeн интернет, кој денеска и утре се одржува во Дубаи.
 
Македонија добро котира и според покриеноста со мпобилни мрежи, но слаби оценки наспроти големото користење на интернет има за недоволната развиеноста на е трговијата, користењето на најновите технологии во иновациите и конкуренцијата во понудата на инетрент и телефонија.
 
Сузана Фиданска- Стоевска