Здравје

Благодетите на цвеклото

24.02.2023 13:32

За неговите благодати се знаело уште од порано и токму поради многубројните здравствени придобивки, цвеклото е неизоставен дел од исхраната на многу луѓе...

Цвеклото е еден од најздравите зеленчуци кои постојат на оваа наша земја.

За неговите благодати се знаело уште од порано и токму поради многубројните здравствени придобивки, цвеклото е неизоставен дел од исхраната на многу луѓе. Карактеристичната црвена боја која ја нема ниту еден друг плод. Бојата е резултат на билниот пигмент антоцијани, многу моќен антиоксиданс кој го спречува ширењето на туморите и го потпомага обновувањето на крвните клетки.

Јодот е на второ место во листата на корисни супстанции кои ги поседува цвеклото. Благодарение на големите количини јод, цвеклото одлично се спротивставува на артериосклерозата и го забавува процесот на стареење на организмот.

Најдобриот природен лек кој успешно помага во лекување на анемија е токму цвеклото благодарение на кобалтот, кој помага во создавање на витаминот Б12 кој од друга страна е неопходен за создавање на црвените крвни зрнца во крвта.

Цвеклото е верен пријател на човекот и на неговото здравје кое ги задоволува дневните потреби за витамини и минерали. Токму поради тоа доволно е во текот на денот да се изеде една порција салата од свежо цвекло во комбинација со друг вид на зеленчук.