Основен суд Штип работи со намален број судии и зголемен број предмети
Основен суд Штип работи ефикасно, стои во извештајот за минатата година. И покрај тоа што недостигаат шестмина судии и стручен кадар, а бројот на предмети расте, намалени се старите предмети и за пет насто е зголемен бројот на вкупно решените предмети споредено со 2021 година...

Основен суд Штип минатата година имаше зголемен прилив на предмети и намален број на судии и стручен кадар. Со 10 насто повеќе предмети во однос на 2021 и тројца судии помалку, решени се повеќе предмети од претходната година, вели претседателот Ѓорги Андонов. Но проблемот со недостиг на кадар останува.
Од 26 илјади предмети колку се работеле лани, решени се скоро 23 илјади. Доминираат прекршоците, а најголем е приливот на предмети кои се однесуваат на работни спорови.
Минатата година вкупниот број на стари предмети во Основен суд Штип изнесувал 353, решени се 225. За поголема ефикасност се уредува нова судница во судот во Штип, се реконструира одделението во Пробиштип, а се вложува и во дигитализација на судниците.
Славица Величковска
