Прилеп

Загина прилепчанец при судир на автомобил и воз

24.02.2023 14:35

Едно лице загина, а двајца се повредени при судир на воз со автомобил кај премин во прилепска населба. Преминот е многу фреквентен, а според првичната информација на машиновозачот, рампата била спуштена...

Едно лице загина, а двајца се повредени при судир на воз со автомобил кај премин во прилепска населба. Преминот е многу фреквентен, а според првичната информација на машиновозачот, рампата била спуштена.

39-годишен прилепчанец загина, а двајца се полесно повредени при судир на воз и патничко возило мерцедес, рано изутрината кај железничкиот премин во прилепската населба „Сточен пазар“. Возот кој бил на релација Битола – Прилеп го зафатил возилото при обид за премин преку пругата.

Возачот загинал на местото на несреќата, а двајцата прилепчани на возраст од 39 и 40 години по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување.

Од прилепското обвинителство направија увид. Според првичните информации, машиновозачот изјавил дека рампата на преминот била спуштена, кај еден од сопатниците во автомобилот, било констатирано дека консумирал алкохол. Првично изјавиле дека доцна го виделе возот и дека речиси не се сеќаваат на несреќата.

Наредена е обдукција на загинатиот 39 годишен прилепчанец. Преминот во прилепската населба „Сточен пазар“ е многу фреквентен.

 

Елизабета Митревска