Нова мерка за поддршка на откупувачите и преработувачи на бел ориз за поголем извоз и нови пазари
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска ја посети компанијата Левидиагро од Кочани, од каде извести за новата мерка од Програмата за рурален развој, со која им помагаме на откупувачите и преработувачи на бел ориз да го зголемат извозот и да ги намалат трошоците за амбалажа...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска ја посети компанијата Левидиагро од Кочани, од каде извести за новата мерка од Програмата за рурален развој, со која им помагаме на откупувачите и преработувачи на бел ориз да го зголемат извозот и да ги намалат трошоците за амбалажа.
Мерката е подготвена заедно во соработка со земјоделците, откупувачите и преработувачите, како одговорно министерство кое секогаш ги слуша потребите на земјоделците и земјоделските стопанства.
Дополнително покрај редовните субвенции оризопроизводителите ги поддржуваме и со мерки за набавка на нова механизација, како специјализирани комбајни или сушари за ориз, за да го олеснат и модернизираат своето производство. Минатата година доделени се 25 комбајни за ориз со вкупната вредност на набавката од 32 милиони денари. Оваа мерка ќе продолжи и во 2023 година.
Преку Програмата за рурален развој на оризопроизводителите им нудиме нова мерка за поддршка на бизнис план во земјоделството. Мерка со која ќе можат преку отворен јавен повик во текот на целата година да аплицираат тогаш кога тие ќе бидат подготвени за грант до 10.000 евра, за набавка на нова опрема и механизација со која ќе го модернизираат производството.
