Нови жртви во немирите на истокот од Украина

05.05.2014 17:46

Странските медиуми соопштуваат дека сепаратистите постепено се повлекуваат...

Продолжува операцијата на истокот на Украина. Нови загинати во престрелките меѓу војската и сепаратистите. Киев јавува за 4-ца загинати војници и 20-тина проруски борци. Има загинати и цивили.

Во Славјанск одекнуваат истрели и надлетуваат воени авиони, антитерористичка операција е во тек во Одеса.

Странските медиуми соопштуваат дека сепаратистите постепено се повлекуваат. Со оглед на се полошата ситуација, преодниот премиер Арсениј Јаценјук предложи Закон за децентрализација во радата.

Москва обвинува дека операциите што ги спроведува Киев против сопствениот народ се казнени.