МТСП

Тренчевска: Финансиската поддршка е добредојдена во семејствата на ранливите категории граѓани

24.02.2023 17:50

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Струмица посети две семејства корисници на финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза...

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Струмица посети две семејства корисници на финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.

Едното лице како корисник на правото на социјална сигурност за стари лица преку коешто право добива 7.200 денари редовна исплата секој месец, добива и надомест за енергенси од 1.000 денари и плус парична поддршка од 3.000 денари месечно во период од четири месеци или 12.000 денари за четири месеци. Тоа се околу 11.200 денари обезбедени од државата месечно во рок од 4 месеци.

Додека пак, второто лице како корисник на правото на надоместок заради попреченост добива 8.600 денари, и надоместок за помош и нега од друго лице од 5.400 денари, користи исто така парична поддршка од 3.000 денари месечно, тоа се вкупно обезбедени 17.000 денари месечно. Ова лице е корисник и на услугата лична асистенција.

Финансиската поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза, веќе се исплаќа три месеци, а во месец март ќе биде реализирана и четвртата исплата.