Здружението на Украинци со митинг на плоштад
Украинци задоволни што Македонија им пружила помош и ги згрижила. Бегалците се згрижени и преку здруженија и невладини организации. Околу 400 луѓе извадиле лични карти, но проблем е што не можат да се вработат во Македонија, да заработуваат додека се тука. Им дадоа поддршка на нивните војници коишто 365 дена ја бранат Украина...

Никогаш не сме помислиле дека во 21 век некој ќе сака да војува за туѓа територија, вели Олександар Урбанович, претседателот на Здружението на Украинци во Македонија. Соочени со бегалската криза, од самиот почеток добиле поддршка од сите државите меѓу кои е и нашата, но проблем е вработувањето. Според Урбанович, полесно би било кога бегалците ќе можат сами да заработуваат и опстојуваат.
Благодарност испрати до украинската војска, која како што вели тој уште во првите денови застана во одбрана на својата држава. Вели, по цела година видовме дека Украина е непобедлива и кои се наши пријатели.
Според податоците кои ги има здружението, во Македонија има околу 6.000 бегалци од кои 400 Украинци од хуманитарни причини имаат извадено македонски лични карти. Од плоштадот Македонија каде одржаа говор се упатија кон споменикот на украинскиот писател Тарас Шевченко во Жена - парк, положија цвеќе и оддадоа почит со пеење на украинската химна.
Александра Максимовска
