Македонија

Петровска се обрати на конференцијата „Украина – Година на хероизмот“

24.02.2023 19:35

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, во своето обраќање на денешната конференција, „Украина – Година на хероизмот“ го потенцира отпорот, пркосот, храброста на украинскиот народ кој во изминативе 365 дена даде силен одговор на руската агресија врз меѓународно признаена, суверена и независна Украина...

„Му се поклонувам на украинскиот народ кој на светот му покажа дека љубовта кон сопствената татковина е посилна од оружјето на агресорот“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска, во своето обраќање на денешната конференција, „Украина – Година на хероизмот“ и го потенцира отпорот, пркосот, храброста на украинскиот народ кој во изминативе 365 дена даде силен одговор на руската агресија врз меѓународно признаена, суверена и независна Украина.

Министерката истакна дека оваа невидена агресија во 21 век резултираше со одлучност не само на украинскиот народ туку и на заедништво и поддршка на Европа и Северноатлантскиот Сојуз.

Министерката порача дека Северна Македонија водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право покажа дека е цврсто посветена на поддршката и помошта на Украина.

Министерката се осврна на разорните слики, уништувањето и агресијата, кои и сама ги посведочи за време на својата посета на Украина.