„JOIN US“ - Придружи се на Евровизиската еуфорија

05.05.2014 19:13

Евровизискиот слоган оваа година  во себе ја содржи основната евровизиска идеја : блискоста и позитивните заеднички  и пријателски емоции меѓу представниците на земјите учеснички , изведувачите на сцената, фановите , новинарите но пред се публиката која е дефинитивно  и најважниот  фактор за целокупната евровизиска еуфорија .

Избор за песна на Евровизија годинава во Копенхаген  е 59 тото издание на  најгламурозното, најгледаното и најдебатираното музичко шоу на сите времиња.

Евровизискиот слоган оваа година  во себе ја содржи основната евровизиска идеја : блискоста и позитивните заеднички  и пријателски емоции меѓу представниците на земјите учеснички , изведувачите на сцената, фановите , новинарите но пред се публиката која е дефинитивно  и најважниот  фактор за целокупната евровизиска еуфорија .

Избор за песна на Евровизија годинава во Копенхаген  е 59 тото издание на  најгламурозното, најгледаното и најдебатираното музичко шоу на сите времиња.

Кога станува збор за организацијата на случувањата надвор од сцената , Данците дадоа се од сбе да се покажат во подобро светло од минатогодишните Евровизиски домаќини, Швеѓаните .Така за време на двете евровизиски недели во Копенхаген ќе се одржат над 180 настани.

Во Euro vilage ( евровизиското село ) свои концерти одржуваат речиси сите овогодишни  евровизиски представници , меѓу нив и Тијана  којашто на нејзиниот настап на 04.05.2014, ја воодушеви публиката а пред се бројните Македонци со изведбата на антологиската: Јовано, Јованке и секако со  нашиот годинашен Евровизиски адут  - песната To the skay. Слично беше и на нејзиниот настап  во  Евро клубот „Вега“- една од најпознатите концертни дворани во скандинавските земји , кадешто  секоја вечер се организираат  концерти и забави  коишто траат до доцна во ноќта .

Во организација на Европската АИДС фондација - по  целата должина на  Евровизиската милја ке има групно бакнување на луѓе коишто ќе се држат за раце правејќи своевиден ланец на пријателство до самиот остров кадешто се наоѓа годинашнава Евровизиска сцена во склопот на „B& W “ халата.

На плоштадот на гордоста ќе се одржи собир на ЛГБТ популацијата ,на коишто исто така во текот на двете евровизиски недели ќе им биде овозможено да склучуваат еднополови граѓански бракови на сметка на Данската држава, На плоштадот на народите се одржуваат секојдневни караоке забави, дегустации на гастрономски специјалитети, изложби на отворено и забава посветена на Кинеската уметност,а трите евровизиски вечери директно ќе се пренесуваат на огромни лед екрани поставени насекаде низ Копенхаген.

Генерално забелешката која се упатува до организаторот е секако проблемот со транспортот, којшто го условува целодневното останување на делегациите и изведувачите  во самата арена  и доведува до нервози и беспотребно губење на енергијата.

Иако се во B&W халата е од монтажен карактер: Од седиштата за гледачите во арената, прес центарот и тоалетите, преку кабините за коментаторите кои се наоѓаат на височина поголема од 20 метри , а до кои се стигнува по неосветлени  скалила, преку несредената околина  на  халата  на којашто сеуште се работи, сепак гледачите ќе имаат можност да уживаат во уште еден вистински  телевизиски спектакл  на уште едно гламурозно издание на Изборот за Песна на Евровизија- Копенхаген 2014.