Свет

Над 50.000 загинати во земјотресите во Турција и Сирија

25.02.2023 10:15

Само во турција загинаа 44.218 луѓе, а во соседна Сирија досега се регистрирани 5.900 смртни случаи.

Бројот на загинатите во земјотресот што на почетокот на месецот го погоди југот на Турција во близина на границата со Сирија надмина 50 илјади, покажуваат најновите податоци од двете земји.

Само во турција загинаа 44.218 луѓе, а во соседна Сирија досега се регистрирани 5.900 смртни случаи.

Повеќе од девет илјади последователни потреси следеа по земјотресот на 6-ти февруари.

Над половина милион луѓе се евакуирани од областа погодена од катастрофата во Турција.