Вардар го победи Пелистер во Битола
Вардар-Пелистер 28-24 во натпревар од 4-то коло во ракометнот разигрување за домашната титула.Вардар ја оствари четвртата последовна победа во разигрувањето за титулата, Пелистер го доживеа вториот пораз во петиот настап во плеј офот.
Првакот имаше посилен тренинг или генералка пред решавачкиот дуел со Металург за првенствениот пехар в четврток во Автокоманда. Во двобојот на двете екипи со вкупно 14 титули, најтрофејниот цврсто чекори кон деветата.

Во ракометниот град Битола во пресметка која не може да се замисли без предзнакот дерби и покрај моментниот однос на силите, фаворизираните вардарци мораа да се намачат за да госкршат отпорот на пелситерци кои се се уште далеку од славните денови што ги паметат ракометните вљубеници во Македонија.
На паркетот на кој на времето паѓаа реномирани екипи, победничката енергија беше на страната на фаворитот. Само 15 минути траеше отпорот на битолчани кои тогаш поведоа со 6-5 по што следуваше серија од 7-0 на Вардар и најава на она што ќе се случува во продолжение.
Пелистер до крајот на првиот дел одговори со три гола по ред па максималните плус 6 на гостите во овој период паднаа на 14-10. Во второто полувреме пелситерци мотивирани, ефикасни, полетни, но само за приближување на два гола негатива.Вардар без Дибиров и Ангелов одработи за одржување на предноста од првите 30 минути и ништо повеќе.
Домашниот состав го имаше одличниот голман Кунагва кој одбрани 17 удари и расположените Чурлевски и Вешовски скои постигнаа по пет гола. Победникот предводен од Милиќ на голот со 13 одбрани и Марковиќ и Душебаев кои погодија по пет пати.