Мицкоски: Предвремени избори во мај без 100 дена техничка влада, па решенија за проблемите
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски контра вицепремиерот Груби – прво, предвремени избори во мај, без 100 дена техничка влада, а потоа секоја политичка партија да понуди решение за проблемите наместо поддршка за уставни измени па граѓанско изјаснување. СДСМ го обвини шефот на опозициската партија дека иако ветувал, го нема потребното мнозинство од 61 пратеник, за да се распушти Собранието и да се организираат предвремени избори…

Предвремени избори во мај без 100 дена техничка влада, а потоа секоја политичка партија да понуди решение за проблемите во кои власта ја втурна Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски со контра предлогот до првиот вицепремиер Артан Груби, кој ѝ понуди на опозициската партија пратениците да дадат поддршка за уставните измени, а потоа да се одржат избори.
Мицкоски тврди дека власта нема и нема ниту да има доволен број на пратеници што ќе гласаат за вметнување на Бугарите во Уставот, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и пратениците остануваат на принципиелниот став.
Социјал- декомратите го обвинија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски дека иако ветувал, тој го нема потребното мнозинство од 61 пратеник, за да се распушти Собранието и да се организираат предвремени парламентарни избори. Според владејачката партија, лагите на Мицкоски ќе се потврдат со гласањето за избор на новите министри во парламентот.
Од власта засега остануваат на ставот дека предвремени избори нема да има, наредните парламентарни ќе се одржат во редовниот термин в година.
Викторија Милевска
